• петок, 26 јули 2024

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре од 06:00 до 09:00 часот  ќе останат корисниците од улицата „Самарџиска“ во Старата Скопска Чаршија во општина Чаир,  а од 08:30 до 14:30 часот делови од улиците „Атинска“, „Борка Талески“ и „Рузвелтова“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан