• четврток, 26 декември 2024

Без струја утре делови од општините Илинден и Кисела Вода

Без струја утре делови од општините Илинден и Кисела Вода
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија. Од 08:15 до 15.15 часот без струја ќе бидат корисниците од населените места Текија, Дељадровце и Миладиновци во општината Илинден, а од 10 до 11 часот дел од корисницте од ул. „Ефтим Спространов“ од бр. 31 до бр. 50 во општината Кисела Вода. Причина за прекинот во снабдувањето со струја, како што се посочува, се закажани технички зафати во електро - дистрибутивната мрежа. рп/са/

Остани поврзан