Без струја утре делови од Аеродром и Карпош
- Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Од девет до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „24“, корисници после ТС Ицемак во општина Аеродром.
Од девет до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ловќенска 1“, „Ловќенска 2“, „Ловќенска 3“ и „Ловќенска 9“ во општина Карпош. бд/дма/
Фото: МИА архива