• четврток, 26 декември 2024

Без струја дел од општините Кисела Вода, Центар и Сарај

Без струја дел од општините Кисела Вода, Центар и Сарај

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) – ЕВН известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода, Центар и Сарај. Во селото Крушопек во општина Сарај, корисниците ќе бидат без струја и денеска и утре.

Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Партениј Зографски“, „Церска“, „Црниче“, „Христо Узунов“, „Славејко Арсов“ и „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот, денеска и утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од с. Крушопек во општина Сарај.

Од 09:00 до 14:30 часот, денеска без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Римска“ во општина Карпош. ир/вг/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан