Без струја делови од Шуто Оризари и Зелениково
- Корисниците од ул. „Гарсија Лорка“ во општина Шуто Оризари денеска од 8.30 до 12.00 часот ќе немаат електрична енергија.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Корисниците од ул. „Гарсија Лорка“ во општина Шуто Оризари денеска од 8.30 до 12.00 часот ќе немаат електрична енергија.
Според известување од ЕВН Македонија АД, без струја од 9 до 16 часот ќе останат и корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, Добрино, Дејковец, Ново Село и Пакошево во општина Зелениково. хс/лв/
Фото: МИА архива