• сабота, 27 јули 2024

Без струја делови од Скопје

Без струја делови од Скопје
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Сопиште и Чучер Сандево, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Гиго Михајловски“ во општина Карпош. Во периодот од 09 до 14 часот без струјата ќе бидат корисниците од улиците 21, 24 и 29 во селото Сопиште, а од 09 до 15 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Долно Блаце и основното училиште во ова село. Во периодот од 10:40 до 14:50 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Петре Пирузе“, Општина Карпош. фф/бак/

Остани поврзан