• вторник, 24 декември 2024

Без струја во понеделник и во вторник корисници од неколку општини

Без струја во понеделник и во вторник корисници од неколку општини

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (понеделник, 29 мај) ќе останат корисници од неколку општини. 

Од 08:00 до 09:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците Божидар Аџија, Христо Татарчев, Тодор Паница и Вера Јоциќ во Општина Кисела Вода. 

Од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.Славејко Арсов во Центар. 

Од 09:15 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.Ѓорче Петров, и тоа објектите од страна на Реката Вардар од мостот Сарај до спроти Старскиот дом.

Во вторник (30 мај) без струја од 08:00 до 09:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улиците Божидар Аџија, Христо Татарчев, Тодор Паница и Вера Јоциќ во Кисела Вода. 

Од 09:00 до 12:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Мирковци. 

Од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Волково кај обиколницата, ул.5 и околните помали улички. 

Од 11:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Ринхини во Карпош. 

Од 12:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Кучевиште. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан