• четврток, 26 декември 2024

Без селекторот Бајиќ, и со тројца дебитанти македонската кошаркарска репрезентација ќе патува за Тбилиси

Без селекторот Бајиќ, и со тројца дебитанти македонската кошаркарска репрезентација ќе патува за Тбилиси
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Со тројца дебитанти и без селекторот Драган Бајиќ, македонската кошаркарска репрезентација ќе патува во Тбилиси на дуел со Грузија. - Последната проверка, односно пред задолжителното ПЦР тестирање, за жал, покажаа позитивен наод кај предводникот на нашата сениорска селекција, Драган Бајиќ. Според здравствените протоколи, селекторот Бајиќ ќе мора да остане во Скопје, и нема да патува со останатиот дел од нашата репрезентативна експедиција во главниот град на Грузија, објави КФСМ. Во отсуство на Бајиќ, репрезентацијата ќе ја предводи Александар Јончевски. Тој на располагање ќе ги има: Бојан Крстевски, Андреј Митревски, Кристијан Николов, Војдан Стојановски, Максим Митевски, Павел Данаиловски, Тедор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Валмир Какруки, Џејкоб Вајли и Виктор Ефремовски. Натпреварот е закажан за 24 февруари (четврток) од 16 часот во „Палатата на спортовите“ во Тбилиси. зс/

Остани поврзан