• среда, 25 декември 2024

Без проблеми помина гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците, гласале 10 653 лица

Без проблеми помина гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците, гласале 10 653 лица
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) - Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10 653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. -На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент според ОИК-ии гласаа  5 477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради Ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат, рече Гугуческа. Таа потсети дека за граѓаните е активен бесплатниот телефонски број 0800 55544 на кој може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК, но заедно со своите податоци за контакт на кои би добиле одговор на поставеното прашање. Во однос на комунацијата со граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашње до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. На располагање се и останатите канали за комуникација на ДИК: интернет страницата на ДИК, страниците на социјалните мрежи фејсбук и твитер и каналот на јутјуб, на кои може да се најдат сите правовремени и точни информации пооврзани со изборите што ги споделува ДИК која е одговорна за спроведување и организирање на изборите. вг/вј/ https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2995796160738370/

Остани поврзан