• недела, 22 декември 2024

Без предност по четвртата партија во дуелот за светски шаховски првак

Без предност по четвртата партија во дуелот за светски шаховски првак

 

Сингапур, 29 ноември 2024 (МИА) – Бранителот на титулата, 32 годишниот Кинез Динг Лирен и најмладиот предизвикувач во историја, 18-годишниот индиски велемајстор Домарају Гукеш одиграа нерешено во четвртата партија во дуелот за светски шаховски првак.

По ова реми, резултатот останува израмнет 2:2. Досега двајцата велемајстори забележаа по една победа, а две партии завршија нерешено.

Мечот кој се игра во Сингапур е прв во 138-годишна историја на кој учествуваат двајца азиски шахисти.

В сабота на програмата е петтата партија од вкупно 14 кои се закажани. Предноста од белите фигури ќе ја има Гукеш.

Наградниот фонд за мечот за светската титула е 2,5 милиони долари. ег

ФОТО: ФИДЕ/Фејсбук

Остани поврзан