Без маски во затворено со одредени исклучоци, паѓа бројот на заразени од КОВИД-19
- По две години, вчера на владина седница беше донесена одлука да се укине задолжителното носење на заштитна маска од КОВИД-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такс
![Без маски во затворено со одредени исклучоци, паѓа бројот на заразени од КОВИД-19](https://new.mia.mk/index.php/images/20221112171856_big_730x400_82.webp )
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - По две години, вчера на владина седница беше донесена одлука да се укине задолжителното носење на заштитна маска од КОВИД-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.
По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела во период од 4 до 10 април забележано е дека продолжува да се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИД-19. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 проценти, просечно 7,3 отсто.
Во текот на минатиот ден, согласно податоците од ИЈЗ направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 246 пациенти и починато е едно лице од Демир Хисар на 68-годишна возраст во болнички услови.
Од новозаболените, најголем број се од Скопје-83, а активни се 583 случаи во главниот град. Во Берово, Дебар, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов нема активни случаи на коронавирусот.
Заклучно со 6-ти месецов се вакцинирани 873 332 лица со барем една доза вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза 155.817 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307 967, бројот на оздравени пациенти е 297 600, на починати е 9 256, а активни се 1 111 случаи. ки/лв/
![](/articles/images/ek-a-zapre-isporaka-na-deset-milioni-maski-nabaveni-od-kina/CSEmvXvKP/placeholder.webp?use_watermark=0)
![](/articles/images/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-1-171-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b4-%d0%bf%d/5ldVohcct/placeholder.webp?use_watermark=0)