• четврток, 29 август 2024

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар

Скопје, 4 август 2024 (МИА) – Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булевар „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот ќе трае од 8:30 часот до завршување со интервенцијата. ра/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан