Без вода утре неколку улици во општина Карпош
- Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“ во општина Карпош.
Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“ во општина Карпош.
Прекинот е заради отстранување на уличен дефект на крстосницата кај улиците „Његошева“ и „Софиска“ и ќе трае до завршување со планираната санација, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. лв/нд/
фото: МИА архива