Без вода утре неколку улици во близина на Макпетрол во Кисела Вода
- ЈП Водовод и Канализација известува дека утре поради изведување водоводен приклучок од ф - 100 мм - во близина на Макпетрол, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Христо Татарчев лоцирани на потегот од ул. Народни Херои до ул. Франк Харкорд-Манинг, во општина Кисела Вода. ев/
Скопје, 22 февруари 2026 (МИА) - ЈП Водовод и Канализација известува дека утре поради изведување водоводен приклучок од ф - 100 мм - во близина на Макпетрол, во периодот од 09.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. Христо Татарчев лоцирани на потегот од ул. Народни Херои до ул. Франк Харкорд-Манинг, во општина Кисела Вода.
Прекинот ќе трае се до завршувањето на работите. ев/ац/
ФОТО: Архива