• среда, 13 ноември 2024

Без вода утре дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“

Без вода утре дел од корисниците на улицата „Џон Кенеди“

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - Поради дефект на затворач Ф-300 мм. на улицата „Џон Кенеди“ број 25 во општина Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица - непарни броеви од број 1 до број 29, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, па сѐ до санирање на дефектот. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан