Без вода улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Димитар Туриманџовски“
- Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:10 часот до завршување со работните активности.

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Поради изведување на водоводен приклучок ф 5/4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Димитар Туриманџовски“.
Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:10 часот до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива