• понеделник, 15 декември 2025

Без вода улиците „Самоилова“ и „Крсте Асенов“

Без вода улиците „Самоилова“ и „Крсте Асенов“

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Поради дефект на улица „Самоилова“ број 10 во населба Центар, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Без вода денеска од 9:15 часот ќе бидат и корисниците од улица „Крсте Асенов“. Прекинот со водоснабдувањето е поради дефект на ул.„Крсте Асенов“ број 5.

Водоснабдувањето на двете улици, како што информира ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, ќе биде прекинато до санирање на дефектите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан