• понеделник, 29 јули 2024

Без вода с. Драчево и улица „Скупи“

Без вода с. Драчево и улица „Скупи“

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат корисниците на с. Драчево и улицата „Скупи“.

- Поради уличен дефект предизвикан од приватна фирма на улица „Корџевска“ 10, од 09:15 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Од 09:30 часот без вода ќе биде улицата „Скупи“ поради уличен дефект на таа улица, (бензинска пумпа Топ Трејд), известуваат од јавното претпријатие.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан