• понеделник, 15 декември 2025

Без вода неколку улици во Каропш поради скината цевка

Без вода неколку улици во Каропш поради скината цевка

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Без вода се неколку улици на скопската територија поради скината цевка, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Прекинато било водоснабдувањето на корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Хашка“, „Осло“, „Љубица Ѓеорѓиева“, „Урош Џудовиќ“ и на дел од „Женевска“ во Општина Карпош.

Како причина, наведено е скината цевка од страна на приватна фирма. 

Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан