• четврток, 12 февруари 2026

Без вода неколку улици во Скопје поради дефект

Без вода неколку улици во Скопје поради дефект

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Без вода од 7:45 часот се неколку улици на скопската територија поради дефект, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснија, поради дефект на приклучна водоводна цевка, со прекинато водоснабдување се корисници од улиците Жил Верн, Есенинова, Балканска и Тодор Паница.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан