Без вода населбата „11 Октомври“
- ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 до завршување со работните активности.

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф 200мм на ул.„Борис Трајковски“ бб , кај маркет ТИНЕКС, денеска без вода се корисниците од населбата „11 Октомври“.
ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива