Без вода корисниците од повеќе улици во Маџари поради дефект на приклучна цевка
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. „Иван Наумов- Алабакот“ 6а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од повеќе улици во населба Маџари.
Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. „Иван Наумов- Алабакот“ 6а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од повеќе улици во населба Маџари.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Наумов-Алабакот“, делови од „Благоја Стефковски“ и „Маџари“, „Ордан Попјорданов“, „Жан Жорес“, „Пехчевска“ и од „Валандовска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот. цр/са/
Фото: МИА архива