Без вода дел од улицата Македонско-косовска бригада и Балканскиот универзитет
- Без вода денеска од 9.15 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата Македонско-косовска бригада, вклучително и Балканскиот универзитет.
Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Без вода денеска од 9.15 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата Македонско-косовска бригада, вклучително и Балканскиот универзитет.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата Македонско-косовска бригада 3/61.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива