Без вода дел од улицата „Ванчо Мицков“
- Поради дефект на улицата „Ванчо Мицков“, вода за пиење ќе немаат дел од корисниците од оваа улица, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Поради дефект на улицата „Ванчо Мицков“, вода за пиење во текот на денешниот ден ќе немаат дел од корисниците од оваа улица, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од потегот од кафана „Кај чичо“ до крстосницата. бд/
Фото: МИА архива