• недела, 28 јули 2024

Без вода дел од булевар „Борис Трајковски“, улица „Панче Неделковски“ и дел од „Серава“

Без вода дел од булевар „Борис Трајковски“, улица „Панче Неделковски“ и дел од „Серава“
Скопје, 6 септември 2022( МИА) - ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска од 09:15 часот без вода ќе бидат корисниците од булевар „Борис Трајковски“, делови од крак 3 крак 5 и крак 7.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на шибер ф 200 мм на булевар „Србија“. Корисниците ќе бидет без вода од 09:15 часот до завршување на работите. Поради уличен дефект ф 2“ на улица „Серава“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и дел од Серава од 09:20 часот до санирање на дефектот. ир/лв/      

Остани поврзан