• петок, 26 јули 2024

Без вода делови од Маџар, Бутел и Радишани

Без вода делови од Маџар, Бутел и Радишани

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Поради дефекти на водоводни цевки во населбата Маџари и во Бутел денеска без вода ќе бидат неколку улици од овие населби. 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 07:45 часот без вода се улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Темко Попов“ и „Анри Барбис“ во Маџари, а од 8 часот улицата „Втора Македонска Бригада“ и „Никола Петров“ во Бутел.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектите.  

Поради реконструкција на водоводната мрежа без вода од 8 часот денеска е и улицата „Бел Камен“ во Радишани. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан