Безос со оптимизам го чека враќањето на Трамп во Белата куќа
- Основачот на Амазон, Џеф Безос изјави дека е оптимист за вториот мандат на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и верува дека тој би можел да придонесе за намалување на регулативите во земјата.
Вашингтон, 25 декември 2024 (МИА) – Основачот на Амазон, Џеф Безос изјави дека е оптимист за вториот мандат на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и верува дека тој би можел да придонесе за намалување на регулативите во земјата.
- Овој пат сум всушност многу оптимист, рече Безос на бина за време на интервју на самит во Њујорк, додавајќи дека изгледа дека Трамп вложува многу енергија во намалувањето на регулативите.
- Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Имаме премногу прописи во оваа земја, додаде Безос.
Изјавата следуваше по одлуката на Безос во октомври да му забрани на Вашингтон пост, чиј сопственик е, да поддржи претседателски кандидат на американските избори, потег што доведе до тоа десетици илјади луѓе да ја откажат претплатата за весникот.
Во тоа време, Безос напиша дека уредничката поддршка создава перцепција за пристрасност во време кога многу Американци немаат доверба во медиумите.
За време на неговиот прв мандат, Трамп го критикуваше Безос и неговите компании, вклучувајќи ги Амазон и Вашингтон пост. јт/
Фото: ЕПА архива