• четврток, 26 декември 2024

Безос се повлекува од функцијата генерален директор на Амазон

Безос се повлекува од функцијата генерален директор на Амазон
Вашингтон, 5 јули 2021 (МИА) - Најбогатиот човек во светот и основач на Амазон, Џеф Безос денеска по 27 години ќе се повлече од функцијата генерален директор на платформата за онлајн трговија. Tој заминвањето од функцијата ја најави во февруари, со цел да му се посвети на вселенската компанија „Блу ориџин“. Безос планира да задржи сопственички удел од 10,3 проценти во компанијата, како и местотo извршен претседател на управниот одбор на Амазон. Безос планира да се придружи на екипажот на првиот патнички лет во Вселената, што е закажан на 20 јули, на годишнината на слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година. Имотот на Безос се проценува на околу 189 милијарди долари, со што се наоѓа на прво место на Форбс на најбогати луѓе во светот. Амозаон во 90-тите години од минатиот век почна да работи како онлајн книжарница, а во изминатите 25 години стана една од највредните компании во светот, чија вредност се проценува на 1,7 билиони долари. ми/

Остани поврзан