• четврток, 26 декември 2024

Безос и Гејтс со свој удел во голем заеднички проект

Безос и Гејтс со свој удел во голем заеднички проект
Рејкјавик, 11 август 2021 (МИА) - Компанијата за истражување минерали „Ко-болд металс“, поддржана од милијардери како што се Џеф Безос и Бил Гејтс, склучи договор со лондонската истражувачка фирма „Блуџеј мајнинг“. Договорот вклучува потрага на Гренланд по материјали што се користат во електричните возила. „Ко-болд“ користи вештачка интелигенција и машинско учење за ловењето суровини и, ќе плати 15 милиони долари за проектот „Диско-Нусак“ на западниот брег на Гренланд во замена за 51 отсто од акциите во проектот, соопшти „Блуџеј“. Лиценцата важи за метали како што се никел, бакар, кобалт и платина, а финансирањето ќе ги покрие првичните проценки и сондирањето. си/сд/

Остани поврзан