• понеделник, 02 септември 2024

Без вода неколку улици во Скопје

Без вода неколку улици во Скопје
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Поради дефект на огрлица на улица „Благоја Стефковски“ 39, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, како и од улиците „Модест Мусоргски“, „Карл Хрон“, „Ордан Попјорданов“, „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:20 часот до завршување со санација на дефектот. дма/ац/

Остани поврзан