• четврток, 26 декември 2024

„Безбедно лето 2023" во Битола: Приведени две лица поради дрога, во кафуле затекнати малолетници по полноќ, санкционирани комарџии

„Безбедно лето 2023

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера е спроведена акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на „Безбедно лето 2023".

Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, како што соопшти полицијата, биле затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На ул."8" во Битола, пак, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција лишени од слобода се  Џ.М.(21) и Т.В.(23), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

До 1:00 часот изутрината од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул.„Фуштани“ во Битола, при што се затекнати седум малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите.

Во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во пет угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани  прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани, соопшти МВР. ев/

Остани поврзан