• сабота, 23 ноември 2024

Безбедноста на електронските комуникации во фокусот на годинешната Меѓународна конференција во Охрид

Безбедноста на електронските комуникации во фокусот на годинешната Меѓународна конференција во Охрид

Охрид, 14 мај 2024 (МИА) – Безбедноста во електронските комуникации во услови на забрзан развој на технологиите секако е прашање што е од огромент интерес и предизвик во областа. Оттаму тоа тоа е едно од прашањата високо на агендата на агендата на годинешната 20-та по ред Меѓународна регулаторна конференција што во организација на Агенцијата за електронска комуникација се одржува во Охрид.

Претставници од Меѓународната унија за телекомуникации, регулаторните тела и од Европската Унија, како и претставници од академската фела, оператори и останати компании и чинители на глобалниот комуникациски пазар наредните два дена ќе дискутираат за тоа прашање, како и за управување со спектарот и мониторингот на електронските комуникации, за регулаторните прашања и пристапот до широкопојасен интернет, во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации.

Како што посочи директорот на АЕК, Јетон Акику, за разлика од минатите две изданија на собирот во Охрид кога во фокусот беше имплементирањето и флуинсирањето на 5Г електронската мрежа, оваа година дискусиите се малку поинакви, со поголем осврт на мерење и конкретни резултати од имплементацијта на 5Г и прашањето на сајбер-безбедноста.

- Она што можам да го истакнам е дека во Република Северна Македонија има најдобар 5Г во регионот и меѓу надобрите на континентот, со достигнати брзини на двата оператори од над еден мегабит во секунда и просек од околу 300 мегабити на целиот простор во државата, истакна тој.

Кога станува збор за безбедносниот аспект на електронските комуникации, Акику забележа дека тој проблем најмногу ги засегнува поразвиените држави и тоа најмногу во комерцијална насока.

- Кај нас како држава сајбер-нападите се зголемија откако станавме членка на НАТО, што само по себе кажува дека реално кај нас таквите напади се политички. Како мала држава реално добро се справивме со тие напади, особено за време на изборната кампања, имаше најави за зголемен број напади од политичка природа, како што впрочем и беше, но ситуацијата доволно добро беше изменаџирана, рече директорот на АЕК.

Регионот ги следи трендовите во областа на електронските комуникации, реално малку доцни зад стандардите во Европа, но како што посочија експертите, тоа е логична последица од подоцниот старт во развојот на сферата и реалните економски околности.

- Сите земји во моментов добро напредуваат. И Република Хрватска која десет години е во ЕУ се уште не го има остварено европскиот просек во подрачјето на електронските комуникации, истакна Тонко Огуљен, претседавач со Европското тело за регулација на електронските комуникации и претседател на Советот на Хрватската агенција за мрежни активности.

Што се однесува на безбедноста на комуникациите, тој истакна дека се работи за комплексно прашање, со најразни можности за закани и злоупотреби,притоа посочувајќи го поединецот како можеби најризичниот фактор во безбедносните предзивици. Како што посочи тој, независно колку и да се вложува во мрежната безбедност, доволно е некој да почувствува слаба точка, па залудни да се сите безбедносни препреки.

- Она што можеби најголем предизвик за кој сите говорат и интензивно размислуваат  во моментов е примената на вештачката интелигенција во тие негативни насоки, од креирање лажни повици и лажни вести, па се до генерирање закани. Порано за тоа беше потребно повеќе напор и време, сега тоа е олеснето, постојат стотици начини како да се собори мрежата.  Останува како да се справиме со тоа, сметам дека за тоа ќе бидат потребни се повеќе експерти, шпто пак создава друг проблем оттаму што луѓето кои ќе ги научат вештините можат подобро да се продадат низ светот каде се многу барани. Предизвикот е како нив да ги задржиме, рече Огуљен.

На Конференцијата во Охрид претставниците на регулаторните тела ги претставија своите ретроспективи на состојбите во своите земји од горенаведените области. Размена на искуства, технологии и пристапи кон решавање низа критични услуги за затштиа на дигиталниот пејзаж беа темите на кои се водеа дискусиите од страна на присутните експерти во областа на електронските комуникации. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан