• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Безбедна е водата за пиење во Кавадарци

Безбедна е водата за пиење во Кавадарци

Кавадарци, 9 април 2025 (МИА) -  Безбедна е водата за пиење во Кавадарци, извести денеска  ,,Комуналец", откако на први овој месец информираше дека заматена е водата за пиење поради дождовите во Кавадарци. Тогаш од јавното претпријатие ,,Комуналец"  информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.  

- Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци кои се снабдуваат со вода од водоснабдителниот систем Лукар, дека по извршените лабораториски испитувања од овластена лабораторија е утврдено дека водата е безбедна за пиење, објавија на нивната Фејсбук страница. 

Во известувањето од први април, се велеше дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар, предизвикала заматување на водата во истите. свд/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан