• недела, 24 ноември 2024

Безбеден за сообраќај мостот на патот Делчево - Македонска Каменица

Безбеден за сообраќај мостот на патот Делчево - Македонска Каменица

Делчево, 2 февруари 2024 (МИА) - Мостот во близина на таканаречениот Потпорен ѕид, кој е дел од патот Делчево – Македонска Каменица и магистралата А3, е безбеден за сообраќај, информираа од подружницата на „Македонија пат“.

На овој  мостот, како што додадоа, регистрирано е оштетување на дилатацијата заради што ќе бидат преземени соодветни мерки за  решавање на проблемот.

-На овој мост имаме проблем со дилатацијата, која е оштетена. Откако ќе биде избран изведувач ќе биде изработена нова, а дотогаш уште еднаш напоменуваме дека мостот е безбеден за сообраќај, истакнаа од „Македонија пат“.

Оттаму додадоа дека поради оштетување на друг мост кај месноста Црквенска река во село Очипала, кој е дел од истата магистрала сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица таму и понатаму се одвива по една лента.

Целосна санација на овој мост, како што додадоа, ќе биде извршена по целосно направената детална анализа од страна на стручни лица. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан