• четврток, 26 декември 2024

БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје

БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) во пишано соопштение до медиумите порачува дека е неточна изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи, како што велат, ги користеле согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи, договорот го наследува новиот сопственик на топланите. -Во моментот кога „Адора“ ги купи топланите знаеше дека се под долгорочен закуп на БЕГ за вршење на јавната дејност, што беше наведено и во огласот за продажба. Согласно истиот Договор за закуп, БЕГ редовно исплаќаше месечна закупнина во висина од 2,6 милиони денари, колку што одобрува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), меѓутоа Адора ја враќаше бидејќи ценеше дека е недоволно, посочуваат од БЕГ. Нагласуваат дека е неточна изјавата на сопственикот на Адора, Ванчо Чифлиганец дека БЕГ наплатил 1,6 милиони евра кои никаде ги нема. -БЕГ од граѓаните наплаќаше согласно одлуки на РКЕ. Сите собрани пари од граѓаните БЕГ ги насочи да ги покрие трошоците за набавка на природен гас и електрична енергија. За жал овие трошоци беа многу повисоки од предвидените во тарифата за претходната грејна сезона и компанијата оствари големи загуби во првиот квартал и остана должна како на Адора така и на други доверители. Согласно правилата на РКЕ, компанијата има право да ги побарува остварените загуби од идните тарифи одобрени од РКЕ, по што ќе бидат подмирени обврските кон Адора и останатите доверители, потенцираат од БЕГ. вј/бак/

Остани поврзан