• среда, 25 декември 2024

Бегај на средба  со Курти: Албанија стои до Косово во сите предизвици

Бегај на средба  со Курти: Албанија стои до Косово во сите предизвици
 
 
Тирана, 16 февруари 2023 (МИА) - Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, во рамки на посетата на Косово и учеството на државните свечености по повод 15- годишнината од прогласувањето на независноста се сретна со премиерот Албин Курти.
 
- Претседателот Бегај му ја честиташе на премиерот Курти 15-годишнината од Денот на независноста на Косово и ги поздрави достигнувањата на Косово во консолидирањето на демократските институции и владеењето на правото, со целосно почитување на обврските преземени пред 15 години, јави албанската државна агенција, АТА.
 
Фокусирајќи се на дијалогот Косово-Србија, претседателот Бегај ја оценил неопходноста од продолжување на овој дијалог и го уверил премиерот Курти дека Албанија ќе биде покрај Косово и неговите институции во сите предизвици и напори да го заземе местото што го заслужува во Организацијата на Обединетите нации, но исто така и во други меѓународни и регионални организации.
 
Претседателот Бегај го истакнал ставот дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово се неприкосновени.
 
- Шефот на државата, исто така, ја оцени многу добрата и стратешка соработка меѓу двете држави и ја истакна потребата од интензивирање на односите во сите области, во корист на меѓу државните односи, но и на националната соработка, како во регионот, така и во дијаспората, додава агенцијата.
 
Бегај, со државнички почести го пречека претседателката Вјоса Османи, со која на средбата ги искажал истите ставови,  утре меѓу другото ќе се обрати пред пратениците а ќе присуствува и на државниот  прием. вт/

Остани поврзан