• сабота, 28 декември 2024

Бегај и Мета ја поздравија одлуката и порачаа дека дијалогот е единствен начин за нормализирање на односите Косово-Србија

Бегај и Мета ја поздравија одлуката и порачаа дека дијалогот е единствен начин за нормализирање на односите Косово-Србија

Тирана, 26 јуни 2023 (МИА) - Шефот на албанската држава Бајрам Бегај и неговиот претходник и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета ја поздравија одлуката за ослободување на косовските полицајци и порачаа дека "дијалогот е единствен начин за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија".

„Ја поздравувам одлуката и посакувам брзо и ефективно враќање на страните на масата за дијалог и спроведување на договореното во Брисел и Охрид“, напиша Бегај во објава на социјалните мрежи.

Мета, откако ја поздравува одлуката оценува дека " иако е задоцнето, сепак, е позитивно дејство".

Според него, враќањето на дијалогот и финализирањето на договорите што се преговараат преку ЕУ и САД е единствениот начин за конечно нормализирање на ситуацијата и односите меѓу Косово и Србија.

„Ослободувањето на тројцата косовски полицајци, иако одложено, е позитивно дејство, кое стави крај на еден многу сериозен провокативен чин. Враќањето на дијалогот и финализирањето на договорите преку ЕУ и САД е единствениот начин за конечно нормализирање на ситуацијата и односите меѓу Косово и Србија“, напиша Мета во објавата на социјалните мрежи.

Реагираше и лидерот на побројното крило на Демократската партија, поранешен шеф на албанската држава и екс премиер, Сали Бериша, кој одлуката ја оцени како политичка.

„Невиден чин од 50-тите до денес, односно без преседан дури и во балканските времиња на комунистичките диктатури, како што е киднапирањето на територија на Косово, на тројцата членови на косовската полиција, е надминат. Тројцата припадници на косовската полиција судот во Кралево ги ослободи по налог на со политичка одлука. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на американската влада, ЕУ, НАТО и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кои побараа безусловно и итно ослободување на полицајците од косовските Албанци“, напиша Бериша.

Упати апел до косовските власти, целосно поддржувајќи го нивното право да воспостават закон, ред и безбедност на целата своја територија, да вложат максимални напори за деескалација на ситуацијата, да се вратат на дијалогот. вт/сд/


Фото: Фб 

Остани поврзан