• четврток, 26 декември 2024

Бајден: Борбата продолжува, без оглед на слабите резултати во Ајова

Бајден: Борбата продолжува, без оглед на слабите резултати во Ајова

Вашингтон, 6 февруари 2020 (МИА) - Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден вети дека ќе ја продолжи борбата за демократска претседателска номинација, без разлика на добиениот „удар“ во Ајова, каде делумните резултати покажаа дека политичкиот ветеран се наоѓа на четврто место.

- Немам намера да ги разубавувам: Во Ајова добивме удар во стомак. Целиот процес беше удар во стомак, истакна Бајден во Сомерсворт во Њу Хемпшир, каде води кампања, додавајќи дека тоа не се први удари што ги добил во животот. Според резултатите од 86,1 отсто од избирачките места на предизборите одржани во понеделникот, Бајден се наоѓа зад Пит Бутиџиџ и американските сенатори Берни Сандерс и Елизабет Ворен. Тоа се први предизбори за демократска претседателска номинација за изборите во ноември 2020 година. - Има многу луѓе кои ја отпишаа оваа кампања... Тие се обидуваат да го сторат тоа од моментот кога влегов во трката. Па, имам информација за нив. Јас не одам никаде, рече Бајден. гт/

Остани поврзан