• четврток, 26 декември 2024

Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток

Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток

Вашингтон, 22 септември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе стори сé што може“ за да избегне проширување на конфликтот.

-Ќе направиме се што можеме за да избегнеме избувнување на поширока војна. И ќе продолжиме со нашите напори, рече Бајден од Белата куќа.

Многу официјални лица изразуваат загриженост за можното ширење на конфликтот на Блискиот Исток, по заострените односи меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Либанскиот пратеник Хасан Фадлала, член на Хезболах, вчера  изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза, и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација. На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Израелскиот претседател Исак Херцог вчера го обвини Хезболах за ескалација на насилството и рече дека неговата земја не е заинтересирана да биде во војна со Либан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан