• среда, 27 ноември 2024

Бајден ќе забрани увоз на руска нафта, гас и јаглен

Бајден ќе забрани увоз на руска нафта, гас и јаглен
Вашингтон, 8 март 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден се очекува денеска да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, потврдуваат за Си-Ен-Ен, анонимни извори запознаени со одлуката. „САД потегот ќе го повлечат еднострано, без европските сојузници, поради несогласувањата меѓу европските држави околу тоа дали да забранат руски енергенси. Земјите од ЕУ се значително поизложени на руските енергенси, отколку САД“, изјави еден од изворите. аа/

Остани поврзан