• среда, 13 ноември 2024

Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и посака мирна година

Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и посака мирна година

Вашингтон, 14 мај 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска преку писмо му ја честиташе 76-годишнината од независноста на израелскиот претседател Исак Херцог и посака „годината што доаѓа да биде помирна“.

Во писмото, Бајден истакна дека САД се „горди на нашите трајни односи со Израел“, во услови на затегнати врски во последните недели по заканата на американскиот претседател дека ќе ја запре испораката на оружје доколку израелската војска продолжи со копнената офанзива во Рафа.

„Минатата година беше длабоко болна, бидејќи Израел го претрпе најлошиот напад во својата историја на 7 октомври 2023 година. Но, народот на Израел покажа огромна сила и издржливост“, нагласи Бајден. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан