• петок, 27 декември 2024

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Вашингтон, 21 јуни 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, останува на сила указот за вонредната состојба на Западен Балкан.

Тој синоќа посочи дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.

„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, изјави Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, за подоцна да биде проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26 Јуни 2023 година. сд/

Остани поврзан