• вторник, 24 декември 2024

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Вашингтон, 26 март 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска Белата куќа.

Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот.

Спасувачката операција и потрагата по жртви во државите на американскиот југ продолжи денеска.

Во Мисисипи, 25 лица загинаа во торнадо ноќта меѓу петокот и саботата, а еден маж загина во Алабама, додека повеќе од десетина луѓе во двете држави се повредени, а стотици се во привремени станови.

Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба.

Торнадото достигна брзина од 320 километри на час, а според првите податоци помина 274 километри.

Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД. ссм/

Остани поврзан