• четврток, 26 декември 2024

Бајден: Тоа што се случи во Буча е ужасно, Путин треба да одговара за воено злосторство

Бајден: Тоа што се случи во Буча е ужасно, Путин треба да одговара за воено злосторство
Вашингтон, 4 април 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“. „Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча... тој е воен злосторник“, рече Бајден. Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства. „Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“, рече Бајден. На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија. паг/    

Остани поврзан