• среда, 25 декември 2024

Бајден со најава дека врз Путин ќе изврши притисок за почитување на човековите права во Русија

Бајден со најава дека врз Путин ќе изврши притисок за почитување на човековите права во Русија
Вашингтон, 30 мај 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева. - За две недели, ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права, изјави Бајден. Средбата меѓу Бајден и Путин е закажана за 16 јуни во Женева. зш/

Остани поврзан