• среда, 13 ноември 2024

Бајден со лидерите на Конгресот ги разгледа помошта за Украина и заканата од блокада на Владата

Бајден со лидерите на Конгресот ги разгледа помошта за Украина и заканата од блокада на Владата

Вашингтон, 27 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ги прими конгресните лидери и изјави дека е неопходно да се најде решение за финансирање на Владата, истовремено и да се даде помош на Украина.

Во својот кабинет тој ги прими водечките демократи и републиканци во Претставничкиот дом и во Конгресот.

- Претстои да сработиме многу работа, изјави Бајден во овалната соба каде покрај него седеа потпретседателката Камала Харис и четворицата лидери на Конгресот – спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонс, лидерот на демократкото малцинство во домот Хаким Џефрис, лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и лидерот на сенатските републиканци Мич Меконел.

Според Бајден, проблемот со финансирањето на Украина секој ден станува сѐ позаострен.

- Сметам дека последиците ќе бидат ужасни, изјави тој.

Дискусиите се уште се водат, откако спикерот Џонсон одби да го стави на гласање предлогот за финансии за Украина кој помина во Сенатот.

- Претседателот сака да види дека правиме колку што можеме за да се обезбедат интересите на националната безбедност на американскиот народ, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер.

Советникот за национална безбедност на претседателот Бајден, Џејк Саливан претходно за  Си-Ен-Ен изјави дека во „Претставничкиот дом постои силно мнозинство подготвено да го усвои предлогот ако биде ставен на разгледување“.

-Тоа решение зависи од еден човек и историјата ќе проследи дали спикерот Џонсон ќе го поднесе предлогот на разгледување, додаде тој. кб/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан