• среда, 25 декември 2024

Бајден се сретна со кралот на Јордан, најавена нова американска помош

Бајден се сретна со кралот на Јордан, најавена нова американска помош
Џеда, 16 јули 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден и јорданскиот крал Абдула се сретнаа денеска во Саудиска Арабија, а Белата куќа соопшти дека САД се обврзале на нов пакет помош за Јордан од околу 1,45 милијарди долари (1,4 милијарди евра) годишно. Соопштението е објавено откако двајцата лидери се сретнаа на маргините на поширокиот регионален самит каде Бајден вети дека САД нема да се оддалечат од безбедноста на Блискиот Исток и нема да дозволат Русија, Кина или Иран да го пополнат тој простор. Јордан, во кој се засолнети многу палестински и сириски бегалци, дели граница со Израел и Западниот Брег. Стабилноста на Јордан се смета за клучна за регионот, но неговата економија се бори со инфлацијата и влијанието на пандемијата. Јорданската Влада се соочи со јавни протести, а братот на кралот, принцот Хамза е во домашен притвор по јавен укор од раководството на земјата. јт/

Остани поврзан