• среда, 25 декември 2024

Бајден се надева на прекин на огнот во Газа до Рамазан

Бајден се надева на прекин на огнот во Газа до Рамазан

Вашингтон, 2 март 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се надева дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас ќе биде постигнат до светиот муслимански месец Рамазан, што почнува на 10 март. 

Запрашан дали очекува договорот да биде постигнат до овој датум, Бајден кажа „се надевам дека е така. Сè уште многу работиме на тоа“, пренесе Би-Би-Си.

-Сè уште не сме го постигнале тоа, им изјави тој на новинарите додека синоќа ја напушташе Белата куќа. 

Изјавата на Бајден доаѓа во време на затегнати разговори за прекин на огнот и кога се зголемува притисокот врз него да помогне во смирувањето на конфликтот. 

Извор запознаен со преговорите за британските меидуми изјави дека предложениот договор предвидува 40-дневна пауза во сите воени операции од почетокот на Рамазан, како и зголемен проток на помош за Газа.

Во него, исто така, наводно ќе биде  вклучен и договор за ослободување на палестинските затвореници во замена за израелски заложници во однос десет спрема еден.  сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан