• недела, 24 ноември 2024

Бајден се залага за „прагматичен“ пристап кон Северна Кореја

Бајден се залага за „прагматичен“ пристап кон Северна Кореја
Вашингтон, 22 мај 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден на синоќешната средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин се заложи за „прагматичен“ пристап кон Северна Кореја, со цел намалување на тензиите и приближување кон „крајната цел“ - денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. - Ние немаме апсолутно никакви илузии за тежината на таа задача. Четирите претходни администрации не ја постигнаа таа цел. Тоа е неверојатно тешка цел, истакна Бајден на заедничката прес-конференција со Мун во Белата Куќа. Бајден објави дека го именува искусниот дипломат Сунг Ким за специјален пратеник за Северна Кореја, но не ја исклучи можноста тој еден ден да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, доколу севернокорејскиот лидер не преземе одредени обврски. Јужнокорејскиот претседател, кој за време на мандатот на Доналд Трамп посредуваше помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон, изрази надеж дека ќе ја искористи последната година од својот мандат за конечно да постигне „неповратен мир“ на Корејскиот Полуостров. Тој ја пофали подготвеноста на Вашингтон за дијалог. Мун е вториот светски лидер Бајден што лично го прими во Белата куќа од неговото преземање на функцијата, по јапонскиот премиер Јошихиде Суга. Северна Кореја иако под санкции изминатите години ги развиваше свопите воени капацитети и изврши неколку нуклеарни тестирања и успешно лансираше балистички ракети. ми/

Остани поврзан