• сабота, 23 ноември 2024

Бајден: САД се подготвени за дипломатија, но и за други сценарија

Бајден: САД се подготвени за дипломатија, но и за други сценарија
Вашингтон, 12 февруари 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одговори со санкции против Москва. - Ако Русија преземе понатамошна инвазија врз Украина, САД заедно со сојузниците одлучно ќе одговори и ќе воведе брзи и тешки санкции против Русија, истакна Бајден. Тој повтори дека руската инвазија врз Украина ќе предизвика страдање и ќе го намали угледот на Русија. Бајден додаде дека кризата може да се реши по дипломатски пат, во целосна координација со сојузниците и партнерите, како и дека се подготвени и некои други сценарија. Кремљ се уште нема објавено детали од речиси едночасовниот телефонски разговор Путин - Бајден. ми/

Остани поврзан